На денот на интервенција задолжително е со вас да го понесете убавото расположение, очила за сонце, добро да доручкувате и солидно да се наспиете

Ласерската корекција на диоптрија е метода која се користи во светот веќе 28 години преку која на брз, безболен и безбеден начин трајно се симнува диоптријата.
Станува збор за една од најмодерните интервенции на денешницата, но знаете ли всушност кои се чекорите што ве носат до живот без оптички помагала?

Прв чекор - Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Многу често знаеме да кажеме дека прегледот за ласерската корекција на диоптрија е еден вид систематски преглед на вашето око бидејќи се анализира секој дел од окото. Зошто е тоа важно? Кандидатот за оваа интервенција, мора да има здраво око. Под здраво око се подразбира око чија позадина нема одредени аномалии или болести кои може да доведат до компликации на видот по интервенцијата. Диоптријата и цилиндерот пак, влегуваат во групата на рефрактивни грешки кои се корегираат со ласер и не се сметаат за очна болест. Поради тоа, ласерската корекција се вбројува во групата на естетски интервенции.

Пред самиот преглед, многу е важно да мирувате од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реалниот цилиндер односно формата на рожницата без притисокот од леќата.

Прегледот временски трае од час до час и половина и се состои од:

  • Пополнување на прашалник за вашата општа здравствена состојба;
  • Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
  • Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
  • Снимање со пентакам (се прави 3Д анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои сеуште се немаат пројавено симптоми);
  • Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија.
  • Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.

Откако ќе завршиме со сите анализи, проверуваме дали ги исполнувате сите критериуми и донесуваме одлука кое решение за остранување на диоптрија е најсоодветно за вас.

 

Закажи преглед на ‎‎+389 2 3097 000; ‎‎  +389 70 351 008

 

Втор чекор - Интервенција

На денот на интервенција задолжително е со вас да го понесете убавото расположение, очила за сонце, добро да доручкувате и солидно да се наспиете.

Самата интервенција трае само 5 минути од око, додека преоперативната подготовка трае околу 20 минути. Најпрво, повторно ви правиме проверка за да бидеме сигурни дека нема промена која може да влијае на интервенцијата и разговараме со вас за секој чекор од истата. Откако ќе се увериме дека сте подготвени за тоа што следи, ви капнуваме локална анестезија во форма на капки и ве носиме во оперативна сала.

Звучи страшно, така? Но, нема за што да се вознемирувате. Не чувствувате болка поради локалната анестезија, а во текот на интервенцијата си разговараме. Се се’ одвива толку брзо, што ќе имате впечаток дека додека сте легнале, треба да станете. По завршување на интервенцијата, ве носиме во ординација каде ве пречекуваат вашата придружба и одговорната медицинската сестра која детално ви го објаснува постоперативниот третман и ве испраќа дома само со очила за сонце.

Трет чекор - Нов почеток за вас без оптички помагала

Следниот ден е првата контрола, додека после неколку дена ви е следната задолжителна контрола. Овие прегледи служат за да се следи стабилизрањето на вашиот вид и зараснувањето на флапот на рожницата. Нормални реакции по интервенцијата се малку заматен вид, пецкање, чувство на песок и чешање. Овие симптоми за краток период исчезнуваат, а капките кои ќе ги ставате помагаат во влажнење на окото и намалување на споменатите симптоми. Ограничувањата по оперативниот зафат се привремени, не траат долго. Во секој случај, многу се битни вашата професија и стилот на живеење. Спортските активности воглавно се дозволени веќе по втората недела, а шминкањето по третата. Исто така, достaпни сме ви 24/7 за било каква консултација која ви е потребна по интервенцијата.

Ласерката корекција на диоптрија ви дава можност повеќе да немате проблеми со видот, да не се нервирате бидејќи леќата ви се изгубила или наутро не можете да ги најдете очилата за вид. Таа ви овозможува да си го поедноставите животот и да имате нов старт во животот без оптички помагала.

Тимот на Одделот за рефрактивна хирургија

Најново од блогот