Како специјалист офталмолог сум имал до сега многу пациенти кои освен што им сметало пердето на очите, им сметало и носењето очила

Дали ви се случува очилата да ви прават ограничувања во спортот, додека контактните леќи ве болат или не можете да ги толерирате? Или, сакате да го прочитате менито во ресторан, но сте ги заборавиле вашите очила? Во таквите моменти желбата за независност од оптички помагала во живот е огромна.

Колку е важен добриот вид, особено се чувствува во староста кога најчесто се јавува заматување на нашата природна леќа, односно доаѓа до појава на катаракта ( перде ) или појава на презбиопија (старечка далековидост), која сериозно го ограничува нашиот вид и го прави секојдневниот живот многу потежок.

Како специјалист офталмолог сум имал до сега многу пациенти кои освен што им сметало пердето на очите, им сметало и носењето очила. Пациентите кога ќе дојдат во нашата клиника се пресреќни кога ќе им кажеме дека освен катарактата, ќе им се симне и диоптријата. Нивната радост е неизмерна бидејќи започнува нов живот за нив, без очни помагала.

Но, како до јасен вид?

За среќа, во третманот на катарактата ( перде ) постојано се воведуваат нови методи, а со мултифокалните леќи од најновата генерација AcrySof IQ PanOptix кои ги имплантираме во нашата клиника, вие ќе имате одличен квалитет на видната острина, широк спектар на растојанија и со нив нема да имате потреба да носите очила за вид додека ги правите вашите секојдневни активности, како што се: готвењето, чистењето, играњето карти, гледањето телевизија, гледањето во телефон или употреба на таблет, шопинг и друго.

Со леќите AcrySof ® IQ ® PanOptix, исто така, ќе гледате и на средна далечина, а тоа е корисно на пример кога работите на лап топ бидејќи тогаш сте во релаксирана позиција со испружена рака. Особено во вакво растојание, леќите AcrySof ® IQ PanOptix ® ви овозможуваат одличен вид, благодарение на нивното работно растојание од 60 см.

Исто така, овие леќи обезбедуваат најдобра можна видливост во сите услови на осветленост, што е посебно важно кога возите навечер затоа што со нив, ја насочувате светлината во очите на таков начин што ќе можете да ја задржувате најдобрата видливост, дури и во ограничени услови на осветленост.

Д-р Илир Османи, спец. офталмолог

Автор:

Д-р Илир Османи

спец. офталмолог

Најново од блогот