Истражувањата покажуваат дека кај 50%-80% од популацијата која користи компјутер, таблет, смарт телефон и други дигитални апарати се појавуваат барем неколку очни проблеми.
Најчестите симптоми асоцирани со оваа состојба се: напрегање на очите, главоболка, заматен вид, суви очи, болки во врат и рамена.

Модерниот начин на живот, напредната технологија и секојдневното користење на сѐ пософистицирана апаратура, денес е секојдневие на 60- 90% од популацијата. Во денешно време, повеќето од нас имаат работа која бара гледање во компјутерски монитори повеќе од 4 часа во текот на денот.

Сето тоа може да предизвика проблем со видот, односно очни симптоми кои спаѓаат во групата на т.н. синдром на компјутерски вид ( Computer vision syndrome-CVS). Тоа не е специфичен проблем, туку вклучува цела низа на очни симптоми.

Истражувањата покажуваат дека кај 50%-80% од популацијата која користи компјутер, таблет, смарт телефон и други дигитални апарати се појавуваат барем неколку очни проблеми.
Најчестите симптоми асоцирани со оваа состојба се: напрегање на очите, главоболка, заматен вид, суви очи, болки во врат и рамена.

Освен времето поминато пред монитор, овие симптоми може да ги предизвикаат и: слабо осветлување, отсјај од екранот, несоодветна оддалеченост од компјутерот, неправилна седечка позиција, некорегирани рефракциски грешки односно неоткриена диоптрија или цилиндер, или пак комбинација од сите нив.

Како компјутерот влијае на видот?

Кога работите пред компјутер, очите се фокусираат и дефокусираат цело време. Се движат напред и назад како што вие читате. Исто така, некогаш треба да погледнете надолу во документи и потоа назад во компјутерот. Вашите очи реагираат на промена на сликите кои ги гледате за да може вашиот мозок да го процесира она што го гледате, а тоа е голем напор на очните мускули. На сето ова се надоврзува контрастот, светкањето и отсјајот од компјутерските монитори.

Kако синдромот се дијагностицира?

Овој синдром се дијагностицира на целосен офталмолошки преглед. На истиот се врши одредување на видна функција, одредување и корекција на рефракциска грешка (диоптрија) како миопија (кратковидност), хиперметропија (далекувидност) и пресбиопија (старечка далекувидност) и се испитува нормалната функција на очните мускули и нивното взаемно дејствување.

Како се третира?

Неколку едноставни промени на вашето работно место може да ги намалат симптомите и да превенираат нови проблеми:

Намалете го отсјајот. Направете промени на светлината во вашата работна просторија за да го намалите ефектот од вашиот екран. Ако во близина имате прозорец, кој придонесува до формирање на отсјај, наместете го компјутерот на тој начин што ќе се намали или целосно острани остјајот или работете со затворени ролетни. Исто така, може да употребите и филтер против отсјај на вашиот монитор.

Преуредете го вашето биро. Најдобрата позиција за вашиот монитор е малку под ниво на очите, околу 50 до 70 cm оддалеченост од вашите очи. Положбата на вашето тело треба да биде така што нема да го истегнувате вратот или пак да ги напрегате вашите очи за да читате од екранот.

Одморете ги вашите очи. Секогаш најдете време за 20/ 20/ 20 правилото. Погледнувајте надалеку на секои 20 минути и гледајте во нешто кое што е 20 cm оддалечено од вас во времетраење околу 20 секунди. Кога сме пред компјутер и долго гледаме во екранот не трепкаме доволно. Поради тоа кога ги одмарате очите, трепкајте почесто за да се навлажнат. Доколку чувствувате сувост на очите, ставајте вештачки солзи.

д-р Викторија Филева, спец. офталмолог

viktorija fileva2

Автор:

д-р Викторија Филева

спец. офталмолог

Најново од блогот