Исто така, пациентите со оваа состојба кои имаат диоптер или цилиндер се погодни за ласерска корекција на диоптрија во случаи кога дијабетесот нема направено промени во окото.

Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество. Тоа е хронична состојба каде постои пореметување на метаболизмот на мастите, белковините и јаглените хидрати, и каде што главна одлика се зголемените вредностите на шеќер (гликоза) во крвта.

Дијабетичарите имаат покачени вредности на гликоза затоа што нивниот организам не може да ја пренесе неа во клетките. И покрај многуте предрасуди, дијабетичарите можат да ги извршуваат сите животни активности најнормално, со тоа демантирајќи го митот дека имаат многу ограничувања. Пример за тоа се јавни личности со дијабетес како актерите Хали Бери и Том Хенкс и фудбалерот Начо Фернандез.

Постојат два главни типа на дијабетес: Дијабетес тип 1 кој се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин и затоа потребно е секојдневно ставање инсулин во организмот. Вториот е Дијабетес тип 2 кој најчесто ги погодува возрасните, но во последните години се јавува и кај тинејџерите и младите лица како резултат на прекумерно зголемување на телесната тежина. Кај овој тип на дијабетес, панкреасот најчесто создава инсулин, но или таа количина не е доволна за потребите на организмот или клетките се отпорни на инсулинот. Симптомите за појава на дијабетес се зголемено чувство на жед, често мокрење, губење на телесна тежина, заматување на видот и друго.

Дијабетесот може да предизвика оштетување на очите како последица на долготрајно зголемено ниво шеќер во крвта. Се оштетуваат крвните садови на ретината, доаѓа до крварење на самата ретина, до оток и масни таложења особено во центарот за јасен вид, како и создавање на нови крвни садови заради што доаѓа до појава на крварење во внатрешноста на окото. Оваа состојба се нарекува дијабетичната ретинопатија.

Метод на избор при лекување на дијабетичната ретинопатија е ласер фотокоагулацијата на ретината. Последниве години голем успех се постигнува и со примената на т.н. анти ВЕГФ терапија која предизвикува намалување на отокот на ретината и спречува создавање на нови крвни садови во задниот сегмент на окото, предизвикани од дијабетесот. Во одредени случаи каде што болеста е во напредната фаза, кога постојат голем број крвни садови, крварења во стаклестото тело, проследено и со одлепување на ретината, единствен начин на лекување е операција која се нарекува витректомија. Тоа е еднодневна интервенција која се изведува со локална анестезија, пациентот не чувствува болки, а после која може веднаш да си оди дома.

Исто така, пациентите со оваа состојба кои имаат диоптер или цилиндер се погодни за ласерска корекција на диоптрија во случаи кога дијабетесот нема направено промени во окото. Технологијата е толку напредна што и кај пациенти кои имаат дијабетична ретинопатија, ги имплантираме најновите интраокуларни леќи со кои ја отстрануваме нивната диоптријата.

Ако сте дијабетичар, се препорачува еднаш годишно да одите на преглед кај офталмолог. Ако пак осетите нагло намалување на видот, гледате како низ магла, ви се појавуваат мушички или пак дефект во видното поле, веднаш дојдете на преглед, бидејќи промените на окото можат да напредуваат и без да намалување во видот. Ќе направиме детални испитувања и соодветно ке ја третираме состојбата на окото.

Тимот на Одделот за витреоретинална хирургија

Најново од блогот